Прескокни до содржината

Сѐ што ти треба.
Секогаш со тебе.

Лични документи и електронски услуги,
на едно место. Запознај ја m.Uslugi —
твојот е-паричник, директно на телефонот.

Лична карта
Возачка дозвола
Електронски услуги
m.Uslugi

Твојот дигитален паричник.
Документи и услуги, на едно место.

Една апликација.
Повеќе простор за тебе.

Од личните документи до реализираните услуги — сѐ е полесно кога е на едно место.

ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Твојот паричник.
Во дигитално издание.

Додај ја личната карта и возачката дозвола во твојот личен е-паричник.

ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ

Од барање
до документ.

Следи го статусот и преземи ги
документите од реализираните услуги.

СПОДЕЛУВАЊЕ

Сподели со QR-код.

Отвори го документот и избери
ја опцијата за споделување.

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИ

Секој чекор. На увид.

Прегледај ги настаните поврзани
со користењето на е-паричникот.

Почни едноставно.

Три чекори до твојот е-паричник.

01

Креирај е-паричник

Постави личен ПИН-код за пристап
до апликацијата.

02

Најави се со eID

Поврзи го е-паричникот со твојот
постоечки eID-профил.

03

Додај ги документите

Избери лична карта или возачка
дозвола и следи ги чекорите.

Немаш eID-профил? Дознај повеќе на uslugi.gov.mk

Твој е-паричник.
Твој личен пристап.

Јасни чекори за пристап до документите.
Прегледност при секое користење.

  • Најава со eID

    Твојот профил за електронски услуги.

  • Личен ПИН-код

    Отклучување на е-паричникот на телефонот.

  • Преглед на активности

    Историја на настаните во апликацијата.

  • Шифрирани и заштитени податоци

    Твоите лични податоци, заштитени од неовластен пристап.

Твој идентитет. Твои податоци. Заштитени по дизајн.

Безбедност вградена
во секој чекор.

Твоите податоци се лични. Така и ги третираме.
m.Uslugi користи повеќеслојна заштита при пристап и размена на податоци.

Шифрирана комуникација

Податоците при пренос се разменуваат преку заштитени, шифрирани комуникациски канали.

Заштитена инфраструктура

Комуникацијата со институционалните системи се одвива преку контролирана и заштитена инфраструктура.

Сигурен пристап

Пристапот е поврзан со електронскиот идентитет на корисникот и личен ПИН-код во апликацијата.

Контролиран пристап до податоци

Само овластени компоненти и сервиси пристапуваат до податоците според однапред дефинирани правила.

Имаш прашања?
Тука сме.

Од првиот ПИН до првиот документ.
Пронајди го одговорот што ти треба.

Што е m.Uslugi?

m.Uslugi е твојот личен е-паричник за документи и електронски услуги. Во апликацијата ги прегледуваш личните документи и реализираните услуги, директно на телефонот.

Кои документи можам да ги додадам?

Во m.Uslugi можеш да ги додадеш личната карта и возачката дозвола. Во делот за електронски услуги можеш да го следиш статусот и да ги преземеш документите од реализираните услуги.

Дали ми е потребен eID-профил?

Да. За да го поврзеш е-паричникот со твојот електронски идентитет, се најавуваш со постоечки eID-профил. Личниот ПИН-код служи за отклучување на е-паричникот на телефонот. Ако немаш eID-профил, дознај повеќе на uslugi.gov.mk.

Дали да ги носам и физичките документи?

Со m.Uslugi личните документи ти се достапни на телефонот. За да знаеш дали треба да го понесеш и физичкиот документ, провери ги барањата на институцијата каде што ќе го користиш.

Каде можам да побарам помош?

За првите чекори погледни ја секцијата „Како работи“, каде што е објаснето како да креираш е-паричник, да се најавиш со eID и да ги додадеш документите.

m.Uslugi

Направи простор
за поедноставно секојдневие.

Твојот следен чекор започнува со m.Uslugi.

Користиме неопходни колачиња за безбедноста на веб-страницата и за паметење на вашиот избор. Во моментов не се вклучени аналитички, рекламни или други незадолжителни колачиња.

Поставки за колачиња